Младински образован форум (МОФ) објави видео за подигнување на свеста против корупцијата, предводено од членовите на клубовите за младински активизам од Велес и Чаир.
Млади читаат сведоштва кои анонимно беа споделени од граѓани, со цел да се даде глас на оние кои се погодени од корупција и да се споделат нивните приказни.
„Заедно, да ја подигнеме свеста, да инспирираме промени и да изградиме иднина што се темели на интегритет и транспарентност!“, велат од МОФ.
Видеото е подготвено во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во партнерство со програмата Граѓаните против корупцијата.