Во Белград, Ниш, Нови Сад и други градови низ Србија, во 20 часот, како и претходните вечери, од прозорците и терасите можеше да се слушне аплаузот за медицинските работници кои се борат со епидемијата на коронавирусот. Пет минути подоцна, еден дел од граѓаните се приклучија на акцијата „Крени глас: Врева против диктатурата“, на која повика иницијативата „Не давимо Београд“, пишува српски „Н1“.
Од иницијативата претходно ги повикаа граѓаните да направат врева, пуштајќи музика, свирејќи со свирчиња, или на било кој друг начин, и така да порачаат дека ќе се борат за демократска, слободна и солидарна Србија.
„На 26 април во Србија требаше да се одржат избори чиј резултат се знаеше однапред. Заканите, притисоците и насилството кон неистомислениците, речиси потполната контрола и злоупотреба на медиумите, партиското преземање на правосудството, како и уцените и економското угнетување на голем број граѓани, режимот ја донесе Србија до чекор до диктатура“, стои во нивното соопштение.
Оттаму додаваат дека додека здравствените работници се борат со заразата, а работниците го оддржуваат животот во градовите работејќи под ризик, владејачката партија продолжува со предизборната кампања.
https://twitter.com/winston02493965/status/1254474221352366083
https://twitter.com/Stefan_b24/status/1254474783875530753
Fontana pic.twitter.com/aY4SJdg9mR
— Nemanja Vukovic (@Nemanja12280206) April 26, 2020
ALOEEEE TIŠE MALO STE ŠERPE NE ČUJEM SAMOGA SEBE pic.twitter.com/Ra6yavl5yb
— Drakče, rođak sa sela (@homerhsimpson) April 26, 2020
Од иницијативата додаваат дека Србија ќе се избори со коронавирусот, но и дека ќе се избори со, како што велат, режимот кој ја окупирал и киднапирал државата.