Љубопитни за однесувањето на површинскиот напон на водата во бестежинска состојба, тројца астронаути на Меѓународната вселенска станица одлучија да потопат GoPro камера во балон од вода. Астронаутите Steve Swanson, Reid Wiseman, and Alexander Gerst го снимале овој експеримент изминатото лето, за време не Експедицијата 40.
Во вселената, течностите природно добиваат форма на топка. Оттаму, гравитацијата врз нив не делува како на Земјата, туку тие се обликувани од нивниот површински напон. Астронаутите добија интересни резултати, кои овде може да ги погледнете во 2Д и во 3Д (со помош на 3Д очила):