Преку неколку фотографии и видеа, ви пренесуваме дел од атмосферата на вториот ден од 19. издание на интернационалниот музички фестивал „Егзит“ кој се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
Според организаторите, на втората вечер од фестивалот имало скоро 50 илјади посетители.
„Егзит“ завршува во недела, а атмосферата од фестивалот и дел од настаните може да го следите преку објавите на нашите репортери Петар и Добре на Инстаграм профилот на Радио МОФ.