Најновата владина кампања против марихуаната во Австралија брзо се прошири деновиве низ социјалните мрежи, добивајќи голем број на критики од јавноста.
Кампањата во која е прикажан „надуван“ мрзливец во повеќе секојдневни ситуации има веќе своја страница на Tumblr и Фејсбук профил. Целта на кампањата е да ги научи децата на негативните последици од користење на марихуаната, но наместо тоа, доби потсмевање.
Рекламата стана актуелна деновиве со повеќе од 1,6 милиони прегледи на Youtube, заедно со хаштагот #stonersloth на Twitter, иако таа првпат беше пуштена во ноември. Иако се уште никој не ја презема одговорноста за рекламата, според австралиски медиуми таа е направена од агенцијата Saatchi & Saatchi Australia. Сепак, „ Stoner Sloth“ беше инспирација за голем број луѓе да направат свои пародични верзии од рекламата. Во продолжение, дел од нив: