На пазарот се појави нова „играчка“ за оние што сакаат да експериментираат со создавање битови и семплови, но не сакаат да поминат години во проучување на софтвери, семплери, ефекти, синтисајзери итн. Направата наречена „Beat Blox“ го нуди можеби наједноставниот и најзабавниот начин за правење музика.
Студентот на Колеџот за дизајн Бекманс во Шведска Per Holmquist во својата дипломска работа комбинирал едноставна физика со модерна технологија, добивајќи го Beat Blox како резултат. Трите ротирачки плочи, кои наликуваат на грамофони, создаваат звуци со механичко движење, а корисникот може да додава и одзема семплови со помош на специјалните пластични блокови.
Еве го Beat Blox во акција:
BEAT BLOX from Per Holmquist on Vimeo.