[Видео] Бендовите во Охрид без услови за вежбање

Бендовите во Охрид немаат услови, односно простор каде можат да вежбаат. Со овој проблем се соочуваат и младите охриѓани Даниел, Климент, Филип и Кирил кои пред една година го формираа метал бендот „Мамут“.

Нивните проби ги одржуваат на 4 километри од центарот на градот. „Мамут“ е еден од ретките бендови во градот, а и покрај недостигот на услови, наскоро ќе го објават нивниот прв албум.

Погледнете повеќе во видеото кое го подготви Радио МОФ.

Мартин Колоски