[Видео] „Бернајс пропаганда“ го објави синглот „Ретки билки“

„Бернајс пропаганда“ го објави синглот со наслов „Ретки билки“. Синглот е дел од новиот албум „Втора младост, трета светска војна“ кој треба да излезе на 4 септември.

Зад сценариото, режијата и монтажата на видеото за „Ретки билки“ се потпиша Милан Блажевски. Во видеото учествуваат Камка Тоциновски, Јелена Милосављевиќ и Маја Талевска. Сниматели се Блажевски, Борис Таковски и Јосип Здравковски кој стои и зад анимацијата. Поголем дел од видеото е сниман во студентскиот дом „Гоце Делчев“.