Од јануари 2009-та, до септември 2018-та во Република Македонија се увезени вкупно 288.052 користени возила, се вели во видеото „Без филтер“, проект на Метаморфозис.
Над 93% од нив се патнички автомобили, огромен број од овие увезени користени возила веќе се забранети за користење во земјите од кои доаѓаат, бидејќи тие не ги исполнуваат минималните пропишани стандарди за емисии на штетни гасови во ЕУ.
Едно возило со Еуро 2 стандарди за емисии на штетни гасови, испушта ПМ честички колку 16 возила со Еуро 6 стандарди, стои во видеото на Мета.
Инаку, видеото е подготвено во рамки на проектот „Поддршка на демократските вредности и промени во општеството преку новинарството“, финансиран преку UK Aid oд Владата на Обединетото Кралство, со поддшка на Британската амбасада.