Во ноември, млади битолчани направија анкети со локалните жители за секојдневните проблеми со кои се соочуваат тие, како загадувањето, јавниот превоз и состојбата со улиците. Преку нив, тие се обидоа да ја подигнат јавната свест за одредени проблеми во локалните заедници, пред појавата на новиот коронавирус.
Нивните продукти беа резултат на тродневна видео работилница
Тие учеа за медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози, но имаа и можност да дискутираат за предизвиците и недостатоците на локално ниво и научија за техниките како се снима и монтира кратко видео.
Работилниците се дел од проектот „Empowering youth for social engagement through media“ поддржан од National Endowment for Democracy.