„Наведната глава сонце не гледа“, „Не преживувај, живеј“, како и „Слобода за демонстрантите“, се дел од пораките кои беа упатени на денешната блокада на влезот во Битола, од страна на Охрид.
Демонстранти од Шарена револуција, час и половина го блокираа патот со велосипеди за да го свртат вниманието на јавноста, но и на локалната и централната власт кон нивните барања.
Тие бараат целосно повлекување на аболицијата и оставка од градоначалникот Владимир Талески, ослободување на сите демонстранти, како и отфрлање на обвинувањата против нив.
„Нема да дозволиме тивко и перверзно да ја цицаат нашата енергија и да го убиваат животот во нас! Ниту пак ќе дозволиме да нè заплашат со нивните информативни разговори. Стравот е за нив! Ние, сакаме да живееме. Овде. Достоинствено! И ќе се бориме за нашите животи!“, посочија од „Битолско движење“, најавувајќи порадикални акции во наредните денови.