Матеус Еванжелиста од Бразил и Каролин Жуис од Франција се победници на 37. Охридски пливачки маратон.
Еванжелиста ја преплива патеката „Климе Савин“ долга 25 километри од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид за 5 часа, 45 минути и 5 секунди. Втор во машка конкуренција беше Марсел Шутен од Холандија, а трет беше Евгениј Поп Ацев.
Во меѓувреме, во женска категорија, Жуис ја преплива патеката за 5 часа, 46 минути и 51 секунда. На второто место заврши Мајте Пука од Аргентина, а на третото место Инес Делакроа од Франција.
На традиционалниот Охридскиот пливачки маратон учествуваа 19 пливачи, односно 8 во женска и 11 во машка конкуренција.
Наградниот фонд на маратонот изнесува 12 илјади евра, од кои 2 илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови кај Пештани на 13 километри и кај Метропол на 19 километри.
Маратонот е завршен настан на Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид, со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор на маратонот е ПК „Охридски бранови 2008“.
View this post on Instagram