Украинското претседателство соопшти за напади во „многу“ градови во земјата, еден ден откако Москва го обвини Киев за експлозија на мостот што го поврзува Крим со Русија, јавува Ал Џазира.
„Украина е под ракетен напад. Има информации за напади во многу градови во нашата земја“, рече Кирило Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на претседателот, повикувајќи го населението „да остане во засолништата“.
Неколку големи експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, еден ден откако претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за смртоносната експлозија на клучниот мост што го поврзува полуостровот Крим со континентална Русија.
„Неколку експлозии во областа Шевченковски, во центарот на градот“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм.
#UPDATE Ukraine’s President Volodymyr Zelensky said people have been killed and injured following multiple strikes on cities across the country
A series of loud explosions rocked the capital Kyiv early on Monday, the first bombardment on the city for months pic.twitter.com/N8nR6xEQpG
— AFP News Agency (@AFP) October 10, 2022
Експлозиите се случија околу 8 часот и 15 минути по локално време, а сирените за воздушен напад се во главниот град на Украина се огласија повеќе од еден час пред експлозиите.
Портпаролот на службата за итни случаи во Киев за Асошиејтед прес изјави дека има жртви, но бројот се уште не е познат.
Украинските сили повторно зазедоа големи области околу Киев на почетокот на април, откако Русија се откажа од офанзива кон главниот град.
Илјадници руски војници се повлекоа од областа на фронтот во источниот регион Луганск во последните денови, додека украинските сили продолжуваат да напредуваат кон градот Кремина кој е под контрола на Русија.
Западното вооружување ѝ помогна на украинската војска да освои повеќе територии во изминатиот месец отколку што руските сили зазедоа за пет месеци.