Австралискиот електронски бенд Cut Copy го претстави новиот спот за песната „Free Your Mind“, која е првиот сингл и насловната нумера од нивниот претстоен албум, кој ќе излезе на 4 ноември. Тоа ќе биде четвртото издание на групата, која се прослави со вториот албум, In Ghost Colours, во 2008. Првиот сингл од новото издание на Cut Copy најавува доследност на бендот кон досегашниот стил, кој се движи меѓу музичките правци post-punk, synth pop, indie rock и indie dance.