Колку младите во Македонија се вклучени во општествените случувања, како државните институции влијаат врз создавањето силна граѓанска свест кај младите, каква улога играт Студентскиот парламент и невладините организации? Ова се дел од прашањата на кои се дебатираше во последната емисија „Зебра“.
Во првиот дел на тема „Дали младите во Македонија се доволно напредни и активни предводници на промените во нашето општество“, дебатираат Стефан Алексиќ од Младинскиот образовен форум и Марија Василевска од СПУКМ.