Во исто време со локалната кампања против хомофобијата и трансфобијата, Европа го следеше изборот за најдобра песна на Евровизија, но во исто време се запалија и социјалните медиуми. Дел од Македонија остана скандализирана, дел збунета а остатокот со осуда кон предрасудите, навредите меѓу луѓе кои едвај се познаваат кулминираа двонасочно. Се изгуби линијата за тоа каде почнува слободата на говор, каде почнува говорот на омраза.
Дали силните реакции по Евросонг се сигнал дека нашето општество е нетолератно? За овие прашања во дебатата на „Зебра“ дискутираат Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права и новинарот Атанас Кировски.