Дебатата на тема „Прекумерната законска регулација и нејзиното влијание врз слободата на изразување“, во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, се одржа на 5 октомври во клубот ГЕМ. На темата говореа Ана Чупеска, Константин Битраков, Дејан Георгиевски и Јордан Шишовски, а модератор на дебатата беше Артан Садику.
Погледнете ја снимката од настанот:
Јавната дебата е дел од проектот „Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување” на ИОХН-С кој спаѓа во Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата отворено општество – Македонија.