James Webb вселенскиот телескоп ќе биде најмоќната орбитирачка опсерваторија која некогаш ја создал човекот, кога ќе заврши неговата изградба.
Во ова timelapse видео, објавено на 11 февруари, е прикажан процесот на градење на телескопот. Инженерските тимови досега имаат завршено само една фаза од овој огромен проект.
За да го создадат timelapse видео ефектот, фотографот Крис Ган и продуцентот Мајкл МекКлер правеле по една слика на секои 30 секунди, во текот на 83 дена, во периодот меѓу 11 ноември 2015 и 1 февруари 2016.
Иако завршувањето на овој сегмент е голем напредок во комплетирањето на изградбата на телескопот, НАСА вели дека сепак е само почеток.
„Периодот отсега до почетокот на 2017 година ќе биде најзначајната година во интеграцијата и тестирањето на телескопот“, вели Бил Охс, проектен менаџер на James Webb.
Овој вселенски телескоп е „научниот наследник“ на Hubble, своевремено најголемиот и најмоќен телескоп, произведен од НАСА. На него работат НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција, а треба да биде лансиран од Француска Гвајана во октомври 2018 година.
Извор: IFL Science