[Видео] Denny – урбан велосипед за иднината

Меѓу петте најдобри решенија за дизајн за модерен урбан велосипед, „Dеnny“, проектот на компанијата Teague ја освои првата награда на конкурсот Oregon Bike Design.

[Видео] Denny - урбан велосипед за иднината

Denny ги импресионираше гласачите со неговиот модерен изглед и бројните иновативни решенија. Велосипедот има генијален дизајн со кој самите рачки се користат за заклучување на велосипедот, уникатен систем на браници и автоматско менување на брзините. Производството наскоро ќе почне преку Fuji Bikes, а очекувањата се дека набргу овој модел ќе се појави и во продажба во САД.

Евентуалната висока цена може да биде проблем за купувачите, но затоа решенијата што ги нуди, можат да бидат многу корисни за иднината на велосипедите.

Извор