Десет приказни на „прекинати врски“ (Broken relationship) се претставени долж улицата „Македонија“ во Скопје. Минувачите може да ги „прочитаат“ приказните од 17-те уметници кои деновиве се живи статуи, дел од осмото издание на „Статуафест“.
„Некои врски прекинуваат, ете така, сами од себе, молчешкум. Едноставно и просто – заминуваат. Всушност ние, луѓето ги прекинуваме, верувајќи во подобро за нас, кое, потоа и го бараме. И го наоѓаме. И тоа, подоброто го прекинуваме – за уште подобро од него. За најдоброто. И најдоброто го наоѓаме. По време минато крај најдоброто и во него се сомневаме, верувајќи дека и од него постои нешто уште подобро, нешто совршено. И тоа совршеното го наоѓаме. И него го прекинуваме”, велат од здружението „ТеатроСк“ кои се организатори на настанот.
Фестивалот на уличен театар трае и денес, а живите статуи ќе бидат таму од 18:30 до 21 часот.
View this post on Instagram
Ангела Бошкоска