[Видео] Дете и тројца возрасни вчеравечер спасени од заглавената жичара на Водно

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за брзо распоредување денеска вчеравечер спасија четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно, поради лошите временски услови и снемувањето електрична енергија на жичарата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија. Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје“, посочуваат од МВР.