Детската Репрезентација на студиото “Break a Leg” го освои шестото место на Светското првенство во хип-хоп танци кое се одржува во Копенгаген.
Танчерите на возраст од 7 до 11 години, успеаја да се изборат за финале на првенството. Зад себе ги оставија репрезентациите како онаа на Германија, Ирска, Словенија, Данска , Јужна Африка…
Истата екипа лани беше финалист и на Европското Првенство во Словенија каде во својата конкуренција завршија на петото место.
Погледнете го настапот на младите македонски „хип-хопери“ во Данска.