Германскиот хард рок бенд „Рамштајн“ пред само 15-тина часа го објави видеото за нивната нова песна насловена „Deutschland“ и веќе наиде на остри реакции ( и над 5 милиони прегледи).
Видеото илустрира повеќе периоди од историјата на Германија, но се чини дека се исмева и со потенцијалната иднина.
Првите реакции дојдоа од еврејската заедница и политичари кои ги обвинија рокерите дека го тривијализираат Холокаустот, бидејќи во дел од сцените членовите се облечени во нацистички униформи, а гитаристот Пол Ландерс носи Давидова ѕвезда на градите над натписот „Дојчланд“ (Германија).
За други, пак, видеото е провокативен поглед кој ја покажува грдоста што доаѓа со поделбата.
Берлинскиот бенд и претходно бил мета на критики поради своите текстови и видеа. Во во 2009 година германските власти се обиделе да ги цензурираат деловите од нивниот последен албум “Liebe ist Fur Alle Da” поради своите живописни садомазохистички прикази.
Во продолжение, погледнете го видеото кое го најавува нивниот нов албум што треба да биде објавен на 17 мај.