22-годишната Франка Граждани може да го наполни својот телефон додека чекори.
Нејзините патики имаат „паметни влошки“ кои енергијата од пешачењето ја претвораат во струја.
Овој проект беше нејзина дипломска работа на Машинскиот факултет во Скопје.
Слични производи постојат во светот, а Франка се одлучила за ваков проект бидејќи ја интересираат инженерски решенија кои можат да ја искористат енергијата добиена од вибрации и бучава.
Франка објаснува дека поради користење на ефтини материјали, полнењето на телефонот не е доволно брзо, додека со поквалитетни елементи, нејзините „паметни влошки“ би можеле да бидат многу поефикасни.
Франка сè уште не знае дали ќе продолжи со образованието или ќе бара вработување. Но, она што го знае е дека најмногу ја привлекува кариера во автомобилската индустрија.
Видеото го подготви Даниел Евросимоски.