Дел од документарниот/перформанс филм за македонскиот бенд „Фолтин“, „Се јави“ (He Called) од 2001, во продукција на МРТВ, а во режија на Јане Алтипармаков, е поставен на сајтот Youtube. Ова е ретка можност да се погледне овој филм, во кој се зборува за раните денови на битолската група и за времето кога Фолтин беше „бенд што ветува“.