Откако минатото лето унгарскиот психоделичен трајбл фестивал „Озора“ ја одбележа 20-годишнината, организацискиот тим сега го објави традиционалниот документарен филм, односно официјалниот aftermovie за ова јубилејно издание.
Радио МОФ имаше можност да биде дел од „дваесетката“ на „Озора“, во магичната долина Дадпуста кој повторно понуди разни стејџови, работилници, места за заедничарење, готвење, за уметност и опуштање, понуди инсталации и декор, колоритни штандови, пазар…
Ова издание собори рекорди во посетеност (официјално е дека се продаваа 33.000 билети, иако некои веруваат дека беа присутни повеќе луѓе), па за прв пат беа затворени вратите за оние што не купиле карти на време. Со тоа, многумина беа вратени назад, независно дали доаѓаа од Германија, Франција, Јапонија, Америка или Австралија.
Потсетуваме што се случуваше таму и преку видеото на Радио МОФ:
View this post on Instagram