Енергетските власти во Северна Македонија тврдат дека кризата со енергенси не можеше да се предвиди и оти изборниот процес во земјата ја одложи можноста навремено да се интервенира. Експертите во видео поткастот на Рес публика препорачуваат државата да набави енергенси за следните 150 дена додека се бара долгорочно решение како ќе се функционира во услови на светска енергетска криза.