Ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ добија домашна задача од професорката Тамара Ќупева да се изразат преку текст, видео и стрип на тема „Како се промени мојот живот“, низ призма на актуелниот контекст со изолацијата од пандемијата.
Учениците беа креативни, а домашната задача стана мултимедијален проект, при што средношколците упатија свои пораки.
Видео подготвија Матеј Јорданоски и Борјан Чушков, ученици од втора година во СУГС Гимназија „Орце Николов“:
Своја видеоприказна „Како се промени мојот живот“ направи и Надја Мијатовиќ од „Орце Николов“.
Видеото може да се погледне ТУКА.
Стрип верзија, пак, креираше средношколката од втора година, Ива Ѓорѓиевска: