[Видео] Џиновска порака „Black Lives Matter“ испишана на патот до Белата куќа

Улични уметници со жолта боја обои џиновски натпис со порака „Black Lives Matter“ (Животите на црнците се важни) на улица во Вашингтон пред најавените протести викендов.

Огромната порака се протега на 16-тата улица која директно води до Белата куќа, седиштето на американскиот претседател, Доналд Трамп, а во акцијата беше и променето името на улицата во „Black Lives Matter“.


Иницијативата ја покрена градоначалничката на Дистриктот Колумбија, Муриел Браусер.

„Како жители на Вашингтон сакаме заедно да порачаме дека во Америка можеме мирно да протестираме, да ги искажеме нашите поплаки до владата и да побараме промени“, изјавила Браусер за медиумите.

Сепак овој потег предизвика критики од активистите на „Black Lives Matter“ кои сметаат дека ваквата акција претставува оттргнување од вистинските политички промени.

Во Вашингтон веќе втора недела се одржуваат протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата на Минеаполис. Протестите ќе продолжат и викендов, а денеска се очекува голем број на учесници во демонстрациите.