[Видео] Ѕвоната на катедралата Нотр Дам одекнаа за прв пат по пожарот од 2019 година

Осумте ѕвона на катедралата Нотр Дам во Париз заѕвонија по повеќе од пет години од пожарот кој сериозно ја оштети зградата, пренесува Данас.

„Ова е прекрасна сцена, важна и симболична, сите ѕвона ѕвонат за прв пат по пожарот“, рече Филип Јост, кој ја предводи јавната институција задолжена за реставрација на катедралата.

По завршувањето на реставрацијата, катедралата треба да биде отворена на 7 декември.

Враќањето на ѕвоната е дополнителна етапа во заживувањето на една од најголемите катедрали на Римокатоличката црква, регистрирана како светско наследство на УНЕСКО и еден од најпосетуваните споменици во Европа.

За време на пожарот на 15 април 2019 година, северниот дел од катедралата мораше да биде обновен, а за да се направи тоа, осумте ѕвона во кулата мораше внимателно да се отстранат, исчистат и обноват.

Обновените ѕвона, од кои најтешкото е четири тони, беа вратени во катедралата во средината на септември.