Еко-активисти од организацијата „Прекинете ја нафтата“ (Just Stop Oil) во два наврати прекинаа мечеви на тенискиот турнир Вимблдон со фрлање портокалови конфети и делчиња од сложувалка на дел од терените.
Двајца демонстранти влегле на теренот за време на дуелот помеѓу Григор Димитров и Шо Шимабукуро, додека трет демонстрант накратко го прекинал мечот помеѓу Кејти Бултер и Дариа Савил. Активистите набрзо по влетувањето во терените биле приведени.
🎾 BREAKING: Just Stop Oil Disrupt @Wimbledon
🎉 “Once more, orange clouds hang over a British sporting event this summer—this time it’s ticker tape rather than paint dust, but it is an intrusion and will need sorting out.”
🚷 Sign up to take action at https://t.co/7BzUVS02dZ pic.twitter.com/2iaoo6GNdO
— Just Stop Oil (@JustStop_Oil) July 5, 2023
„Овде сум за моите внуци, и за внуците на сите останати. Не сум подготвен да дозволам политичарите да уништат се` и да остават следната генерација да ги решава проблемите. Последно нешто што сакам е да го уништам уживањето на луѓето на Вимблдон, но сега, на централниот терен, имаме дуел на човештвото против нафтата и гасот, а судијата не суди според правилата“, изјавил 66-годишниот пензиониран музичар Сајмон Милнер-Едвардс, еден од учесниците во протестот.
Организацијата „Прекинете ја нафтата“ е позната по тоа што често одржува вакви видови на протест на спортски натпревари.
Следбениците на организацијата, која се залага британската влада да престане со нови проекти поврзани со нафта, гас и јаглен, во минатото имаат извршено вакви герила-акции на крикет и рагби турнири.
Од „Прекинете ја нафтата“ соопштија дека нивните поддржувачи кои го предизвикале инцидентот на Вимблдон фрлиле „еколошки портокалови конфети и делови од сложувалка“ и дека „тенискиот меч кратко бил прекинат додека лицата задолжени за терените ги собирале отпадоците“.
Организаторите на Вимблдон претходно ги повикаа посетителите на турнирот да бидат учтиви запрашани околу можноста за протести поврзани со климатските промени, додавајќи дека оваа година ги зголемиле безбедносните проверки на натпреварувањето.