[Видео] „Електро култура“ на 29 септември во киното „Фросина“

Електро култура“ е соло-проект зад кој стои Владимир Муратовски Диво – панкер и социјален поет од скопскиот асфалт, страстен вљубеник во музиката и неуморен хроничар на македонската независна сцена речиси три децении. Неговата музика, која датира од почетокот на 90-те години, во изминативе две децении останува една од најдобро чуваните тајни на македонската музичка сцена, попримајќи култен статус во скопските андерграунд кругови.

[Видео] „Електро Култура“ на 29 септември во киното „Фросина“

Во камерната и интимна атмосфера на кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, на ова негово прво претставување пред пошироката македонска публика, Владимир Муратовски ќе отсвири и сосема нов и необјавен материјал, компониран оваа година. Воедно, тоа ќе биде концертна промоција на истоимениот албум кој се појави во издание на „Стотројка”, а на кој се поместени радиоконцертот на „Електро култура” снимен минатата година во емисијата „Ако никој не свири” на Канал 103, како и албумот „Мировна порака” снимен во далечната 1992 година. Билетите се во ограничен број и се достапни во претпродажба на касата на МКЦ.

Извор