The Mole Pack е бенд составен од група блиски пријатели, кој создава музика претежно инспирирана од сцената во 1960-тите. Нивната музика има блуз корени, дополнета со рок и фанки/соул примеси.
„Чопорот“ се состои од Димитар Даневски (ритам и главна гитара), Глигор „Гишо“ Динев (тапани и перкусија), Теодор Бошков (бас гитара) и Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника). Бендот го објави својот прв албум, „Gambling Man“, изминатиот септември.
Веб серијалот Engage Kicks and Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, ќе има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.