Во новата епизода на „Engage Кicks&Gigs@Home“ ни гостува Калина Велковска, Kaly. Иако нејзиниот животен пат е исполнет со навидум тотално различни полиња на делување низ годиниве, музиката секогаш е покрај неа. Некои можеби ја знаат од раните години кога била дел од детските хорови како „Пиколо” и ,„Развигорче”, други пак од евровизиските сцени и The Voice. Но, таа зад себе има и бројни соработки со бендови и колективи, имплементирајќи различни музички стилови, почнувајќи од метал, world music до електро поп, хип-хоп и џез.
Сега ја слушаме со „Ти ми зеде сѐ“, авторско дело на Александар Масевски, преработка на „Twice“ од „Little Dragon“ и нејзината авторска песна „Headless Horseman“.
Во време кога поради новиот корнавирус седиме дома, и македонските музичари во „Engage Кicks&Gigs@Home“ од својот дом/двор/кров… ги изведуваат омилените песни. Во веб серијалот гостуваат млади и алтернативни бендови и музичари од земјава, а целта ни е да ја поддржиме и промовираме локалната сцена, како и да ја запознаме публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.