Седрик Еру, по струка одгледувач на маслинки, станал активист за човекови права и симбол на борбата за права на имигрантите. Еру помогнал да се отвори дебата за имиграцијата во Франција, кога почнал да вдомува африкански бегалци на својот имот во Бреил-сур-Роја, близу до италијанската граница, на Средоземното Море.
Иако Еру и неговите колеги активисти го гледаат помагањето на бегалците како морален императив и манифестација на воспеваните вредности на „Слобода, еднаквост и братство“ на Француската Република, нивните напори се осудувани, илегални и за француските власти, неодговорни.
Оние кои им се противат на активистите, велат дека со помагање на бегалците се мотивира повеќе луѓе од земјите разорани од војна, да се обидат да го преминат Медитеранот, каде ризикуваат смрт, експоатација од криумчарите со бело робје и депортација кога конечно ќе пристигнат.
Документарната репортажа Valley Rebels (Бунтовници од долината), го следи Еру во неговата безуморна работа да им помогне на бегалците, како се соочува со обвиненија за своите дела на суд и организира превенција на илегалната депортација на малолетници без придружба.