[Видео] Фестивалот „Под земја полесно се дише“ одбележа 10 години

Викендов се одржа 10-то јубилејно издание на мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише“, организиран од колективот „Кула“ во DIY манир.

Радио МОФ го посети, а притоа направи видео колаж од настанот кој понуди изложби, перформанси, видео инсталации, звучни интервенции, концерти. Во него учествуваа млади уметници, но и луѓе што се дел од обликувањето на независната сцена во Македонија. Исто така, имаше и гости од Грција – колективот HCIMB (ΓΑΔΑΚ).

Во продолжение, ѕирнете како беше годинава во гаражите под „Плочник“:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Бојан Шашевски