Со флешмоб утрово, дваесетина бугарски студенти кои се дел од големите студентски протести во Бугарија, ги изненадија минувачите.
Според сценариото, тие ја испровоцираа полицијата, по што дел од нив преправени во кловнови им поделија разнобојни балони на минувачите.
Настапот започна кога младичот со качулка на главата беше приклештен од неколку униформирани лица и одведен настрана . Ова се покажа дека е дел од спектаклот на идните актери , но и случајните минувачи и полицијата застанаа да гледаат што се случува.
Само по една минута сепак „провокаторот ” се придружи на своите колеги . Настанот се одржа пред зградата на НАТФИЗ во Софија . Пред крајот, со своите тела студентите испишаа „Оставка“, по што се прибраа назад во зградата на театарската академија.
Веќе деветти ден продолжува студентската окупација во Бугарија, пишуваат медиумите.