[Видео + галерија] Настани на 15 локации за 15. издание на „Бела ноќ“

Изминатава сабота, на 15 локации низ Скопје, се одвиваше овогодинешната „Бела ноќ“, во организација на Град Скопје и Универзална сала. 

Концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д-видеомапинг, домашни и меѓународни уметници, перформери, музичари и уште многу други културни содржини беа дел од 15. јубилејно издание на „Бела ноќ“.

Во продолжение, погледнете и галеријата и настаните од МКЦ, Универзална, МНТ, КИЦ, Галерија 8, паркот Ибни Пајко, Мала Станица, кино Милениум…

„50 години Скопски“ на плато пред Универзална Сала

„Night At The Gallery“ – самостојна изложба во галерија МКЦ на Воскресија Андреевска

Претстава „КРУГ“ во МНТ – Артур Шницлер, режија Наташа Поплавска

„Враќање во Безистен“ – самостојна изложба на Дејан Иванов Маргуш, придружена од саксофонистот Горан Папаз

„Кино на кров“ – кино проекции на кровот на ГТЦ

„Мал формат“ – изложба во КИЦ на 33 уметници-членови на ДЛУМ

„Отворена сцена“ во парк „Ибни Пајко“ – настапи во живо на Емил Бакев и бендот, Лина Авшар Ансамбл и Силви Бенд

„Пијано и Ди џеј“ – вечерна комбинација на електронската музика со звуците на пијаното во МСУ

„Пијано и Ди џеј“

„Филмски маратон“ во кино „Милениум“

„50 години Скопски“ на плато пред Универзална Сала

3Д Мапинг – катна гаража „26 Јули“

МКЦ

„НеКултура фестивал“ на „ПМГ Рекордингс“ во МКЦ

Претстава „КРУГ“ во МНТ – Артур Шницлер, режија Наташа Поплавска