[Видео] Google си купи армија роботи

Google неодамна ја купи компанијата Boston Dynamics, чиј тим научници развива софистицирани роботи, способни да одат трчаат и да се се движат по секаков терен. Ова е осма ваква компанија која Google ја купува во само неколку месеци. Сајбер-гигантот планира да вложува во овие технологии, за кои се предвидува дека ќе се развиваат и ќе наоѓаат примена во идните години и децении.

Меѓу роботите кои се создадени во лабораторијата на Boston Dynamics е и хуманоидот АТЛАС, висок речиси два метра – роботот чија функција ќе биде пронаоѓање и спасување луѓе во случај на тешко пристапен терен:

[Видео] Google си купи армија роботи

Еве ги и другите роботи на Boston Dynamics:

Cheetah е најбрзиот робот со нозе во светот, кој може да постигне брзина од над 45 километри на час – поголема од кој било човек.

Wildcat е робот опремен со мотор на гас, кој трча нешто побавно (25 км/ч), но поседува одлична агилност

BigDog – силен механички носач, способен да носи товар од 180 килограми

Petman е робот со движења многу слични на човечките, наменет за делување во непристапни и контаминирани области

SandFlea личи на мал автомобил на далечинско управување, но тој е всушност робот кој може да скокне повеќе од десет метри. Се тестира за употреба во војската, за извидување. 

RHex се движи по секаков терен, благодарејќи на специјалните закривени весла, кои се меѓусебно независни

Извор