Oдлични поврзани бас линии и континуирана прогресија се коментарите за првиот заеднички настап на музичарките Heidi од Канада и Kim Ann Foxman од Њујорк на сцената на EXIT 2014. Во видео интервју за Радио МОФ, Heidi и Kim Ann Foxman, зборуваат за нивните погледи кон електронската музичка сцена, за публиката и за очекувањата од музиката во иднина.
Heidi, своето прво влијание го имаш од Detroit Music City?
Heidi: Така е. Живеев преку реката во Деторит целиот мој живот, половина од мојот живот. Мислам бев „рок личност“ и потоа го запознав Рич, кој некако ми ги отвори вратите на Детроит, и тоа беше тоа. Потоа се преселив во Англија во 1997 и Велика Британија си го направи своето…
Кim, што е со тебе? Што направи европското техно за тебе ?
Kim Ann Foxman: Европа има многу добра денс музичка сцена, дури и кога Европа страдаше, кога Европа откачуваше…И како да требаше да преминам, и се уште треба, да дојдам во Европа да свирам.
Heidi, трет пат си овде, но што мислиш за електронската денс музика во регионот?Дали тука има добри вибрации?
Heidi: Не знам, не сум била тука пет години, што е толку чудно што ме потсети на тоа, не се чуствувам како да поминале 5 години, како да беше дека завчера бев тука, затоа што на некој начин го помнам поинаку … Свирам во Грција, исто така често, знам дека не е навистина Балкан, ама како да се исклучуваат, како секој фестивал. Мислам дека денс музиката денес е поголема од кога и да е, мислам на сите жанрови. Остнува фактот дека андерграунд артистите можат да свират на иста бина заедно со останати комерцијални групи, а сепак да го задржат вниманието на публиката. Тоа значи дека се отворени за се, што пак е навистина кул.
Каков е вашиот став за електронската денс музика?
Heidi:Немам став, сеедно, луѓето го сакаат тоа што го сакаат, не мора да е мој вкус. Тоа е кул, но луѓето уживаат во тоа и се забавуваат и тоа е најважното, музиката е за секого.
Дали мислите дека се движи кон антерграунд сцената?
Heidi:Не, воопшто не. Всушност да бидам искрена со вас, мислам дека вратата е поотворена за андергаунд артистите. Видете го само редот за сцената…
Целото интервју погледнете го во продолжение: