Со цел да се подигне свесноста за младинската невработеност која во Македонија изнесува 53%, тимот на Генерација на човечките права (Human Rights Generation) летово допатува во земјава каде покрај кампањата беше снимен и краток филм за состојбите.
Основен тим од пет млади Европејци го водат проектот и заедно работеа на креативните улични акции, како и на кратките филмови за секој од проектите на Балканот(Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија). Овие филмови ќе бидат изложени во Европскиот Парламент и Советот на младински центри во Европа за да може да рашири поголема Европска свест за овие теми,мислења и ставови на младите луѓе.
Дискусијата по ова прашање ќе продолжи и на 4 декември на конференција во Брисел на Конференцијата, каде е најавено присуството на повеќе претставници од граѓанскиот сектор и креатори на политики.
Во продолжение погледнете го видеото снимено во Македонија и кампањата насловена „Иднината на пауза.“
Кампањата Генерација на човечките права (Human Rights Generation) која се спроведува од страна на Европската младинска организација АКТИВ-трезвеност,пријателс