Силен звук од часовник кој ве буди во позната просторија. Расфрлани спомени на масата и упатства на луѓето кои поминале низ овде, но не можете да ги составете. Фотографии што висат на ѕидовите со насмеани лица, кои не ви се познати, иако едно од нив е ваше.
Ова е почетната сцена од „ Forget-Me-Knot“ („Не ме заборавај“), нова видео игра што ги става играчите во кожата на лицата кои се борат со Алцхајмеровата болест и деменција. Александар Тарвет, студент на одделот за дизајн на игра и продукциски менаџмент на универзитетот во Данди, Шкотска, има за цел да ја искористи играта за да ја подигне свеста за оваа мозочна болест.
Тој објаснува дека играчот треба да се движи низ просторијата, користејќи ги индикациите на полиците и фиоките за да сфати кој е. Според Тарвет, играта покажува колку е застрашувачки за една личност да живее со долготрајно губење на меморијата.
Играта што ја дизајнираше Тарвет претставува еден од 170-те финални проекти кои беа презентирани викендов, како дел од универзитетски настан. Повеќе од 44 милиони луѓе се заболени од деменција, а бројката се очекува да се зголеми на 75 милиони до 2030 година.