Следната едиција од видео игрите на ФИФА за прв пат од креирањето ќе вклучи и тимови од женските клубови. ФИФА 23 ќе претстави две женски лиги како опции за играње, односно ќе бидат достапни клубовите од „FA Women’s Super League“ и „French Division 1 Féminine“, јавува „Еуроњуз“.
Исто така ова е прв пат да се појави жена на омотот за ФИФА видео игра.
Presenting your #FIFA23 Cover Stars:@samkerr1 and @KMbappe ⭐️⭐️
Two phenomenal forces up front.
One ultimate strike partnership.See the full reveal on July 20 ➡ https://t.co/yjXnlCteDR pic.twitter.com/oOWyqoqBzB
— EA SPORTS FIFA (@EASPORTSFIFA) July 18, 2022
Всушност женскиот фудбал за прв пат беше достапен како опција за играње во играта ФИФА 16, но оттогаш до сега беа достапни само меѓународни тимови како опции. Ова е прв пат да бидат дизајнирани и клубски тимови.
Од компанијата за креирање видео игри „Electronic Arts“ што ги креира игрите за ФИФА велат дека понатаму планираат да воведат уште клубови и од другите лиги. Покрај тоа, во видео играта ФИФА 23 ќе бидат вклучени и меѓународните тимови од Светското првенство во фудбал за жени во Австралија и Нов Зеланд 2023 и од Светското првенство во фудбал за мажи во Катар 2022.