Илјадници луѓе вечерва излегоа на протест во Нови Сад по несреќата со уривањето на настрешницата на железничката станица во која загинаа 14 лица, а тројца се повредени.
По обраќањето на организаторите, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на владејачката Српска напредна странка и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и со боја, јавува Н1.
Млади маскирани со качулки и маски со палки и камења ги искршија просториите на владејачката партија и на Градското собрание во Нови Сад, а во еден момент со факел ги запалија просториите на приземјето. Како одговор на обидите за упади, полицијата одговори со солзавец или бибер спреј.
На крајот на вечерта, репортер од телевизијата Н1 воочи апсење на млади момчиња во близина на Народниот театар, при што беше приведен поранешниот потпретседател на Владата на Војводина, Горан Јешиќ во обид да го спречи нивното апсење. За време на нередите нападната беше и екипа на Н1, при што е оштетена една камера.
На споменикот на Светозар Милетиќ вечерва останаа траги од истопени свеќи, цвеќиња и плишани играчки во чест на загинатите во уривањето на настрешницата на железничката станица. Дополнително, кај споменикот беа поставени и фотографии во знак на сеќавање на загинатите, како и банер на кој пишува „виновни сте, ќе одговарате“.
Организаторите се оградија од се што се случува, рекоа дека има револтирани граѓани, но и дека имало „уфрлени елементи“. Тие побараа сите кои директно и индиректно се одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември да поднесат оставки и кривично да одговараат.
На протестот во Белград денеска дојдоа и голем број граѓани од Белград, но и од цела Србија, а низ целиот град имаше бројни полициски сили.
Новосадската опозиција претходно соопшти дека има информации дека власта е подготвена да предизвика нереди и уништување на јавен имот со помош на блиски навивачки групи на вечерашниот протест. За да го спречат тоа, опозициските партии, како што рекоа, назначиле редари кои ќе им пружат отпор на провокаторите и дека ќе ги снимаат и сликаат нивните активности.
Доцна вечерва во Нови Сад пристигна и претседателот на Србија Александар Вучиќ кој им се обрати на насобраните поддржувачи пред градскиот комитет на владејачката партија, јавува Радио Слободна Европа. Оттаму тој рече дека сите одговорни за немирите во Нови Сад ќе бидат казнети.
Претседателот на Србија претходно во видео објавено на својот Инстаграм профил изјави дека во Нови Сад не бил организиран комеморативен протест, туку „страшни напади врз неистомислениците“, а Градското собрание дека било нападнато не само со боја, туку и со камења, како и дека биле нападнати полицајци.
View this post on Instagram
U Novom Sadu je haotično. Iz cisterne su ispuštene fekalije na Gradsku kuću, koja je prethodno gađana farbama i kamenicama.
Razbijeni su prozori na zdanju u centru grada.
Odbornici žele da uđu u Gradsku kuću.
Pratite uživo na https://t.co/KjJjhBmJzQ. pic.twitter.com/Qag5IW7QLs
— Radio 021 (@Radio021) November 5, 2024
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram