[Видео] Имерзивен театар со „Диско (в)Љубеници“

Во скопскиот клуб „Минус Еден“ синоќа (8 февруари) се одржа „Диско (в)Љубеници“, најновата инклузивна претстава на „Трисомија 21“ во соработка со ,,Колектив Ветерница”, која го истражува полето на имерзивниот театар и феноменот на диското.

Преку неа беа отворени прашањата:
„Што е диско? Каква е диско музиката? Како се танцува во диско? Дали диското е за сите возрасти? Зошто диското е важно?“.

„Ветерниците“ повикаа, а младо-старите дојдоа. Се вклучија. Влетаа околу сцена, и потоа на сцена. Без срам дали се чудни, смешни или трапави.

И, се случи ослободување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Во „Диско (в)Љубеници“ учествуваат: Марио Мицковски, Ена Митревска Елизабета Петковска, Коста Аризанов. Филип Ангеловски, Ирина Прокопиева, Стефан Трповски, Матеј Аларов, Оливер Блажевски, Ева Ѓорѓеска, Маша Блажева, Ена Ковачевска, Ана Јовановска, Саша Малевска, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Данаја Ефтимова, Милош Стојановиќ, Билјана Димитрова, Иво Николовски.

Диџејски диско пар: Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ.

***

„Диско (в)Љубеници“ беше одиграна од инклузивниот ансамбл кој низ изминативе години постојано се развива, дообликува, се искачува на своите зададени скалила во уметноста, онаа перформативната, но и во доменот на ангажираната уметност.

Се’ со заедничка работа и солидарност.

Ансамблот често излегува од класичните уметнички формати, каде на учесниците, без разлика дали се со типичен или атипичен развој, им се дава слобода да прават, можат, бидат. Истовремено да се инклудираат, но и да ги остварат своите креативни особености и потенцијали, како активни и релеватни чинители во социјално-културните текови.

Од инклузивниот ансамбл на „Колектив Ветерница“ и „Трисомија 21“, покрај „Диско (в)Љубеници“, меѓу другото произлезе и првиот Инклузивен хор, претставите „Божествена расподија“ и „Други приказни за Алиса“, но и театарските перформанси „Дрво низ времето“ и „Confutatis – од што се направени хероите?“.

Исто така, беше снимен и филмот „Чудата во земјата на Алисите“.

Бојан Шашевски