Шефот на Инстаграм, Адам Мосери најави нови генеративни функции за вештачка интелигенција што ќе им овозможат на креаторите да го „променат речиси секој аспект“ од нивните видеа користејќи инструкции, односно текстуални пораки, јавува „ТекКранч“.
Алатките за уредување ќе бидат напојувани од моделот на Мета „Movie Gen AI“ и се очекува да бидат лансирани некаде следната година, рече Мосери во видео споделено минатииот четврток.
„Работиме на некои навистина возбудливи ВИ алатки за вас креаторите. Многумина од вас прават неверојатна содржина што го прави Инстаграм она што е, и сакаме да ви дадеме повеќе алатки кои ќе ви помогнат да ги реализирате вашите идеи. И ќе можете да правите сè што сакате со вашите видеа. Ќе можете да ја промените вашата облека или да го промените контекстот“, рече Мосери.
На видеото кое го објави Мосери во кое објаснува за новите алатки, може да се види како тој ја менува неговата облика, позадината и слично.
View this post on Instagram