[Видео] Инсталации од современи бајки за пет македонски хероини ќе се вдомат во културно-образовни институции

Десет средношколки беа дел од работилница за креативно пишување во организација на „Дума ин Сума“, по што напишаа бајки за македонските хероини од историјата.

„Дума ин Сума“ е неформална иницијатива за култура составена од Марија Бошковска и Ивана Смилевска и визуелниот уметник Дарко Алексовски. Под нивно менторство, младите за време на работилницата се запознаа со бајки од цел свет, но и мимовите, активизмот и не-толку-познатата македонска, женска историја.

На изложбата во КСП Центар Јадро, насловена „Неименувана“, вчера присутните можеа да погледнат текстуални инсталации и да си земат фанзини со извадоци од текстовите. Овие современи бајки се посветени на партизанката Вера Јоциќ, архитектката Мимоза Несторова Томиќ, режисерката Билјана Гарванлиева, уредничката на списанието „Македонка“ – Веселинка Малинска и на партизанката Мара Нацева – Анка. Инсталациите наскоро ќе бидат подарени на соодветни институции за култура и образование.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Инаку, ова е трета работилница за креативно пишување на „Дума ин Сума“. Во септември иницијативата ја организираше изложбата „кЛик – сЛИК  – сподели кирилица“ како продолжение на првата дводневна работилница „Пиши-бриши, само не оставај на seen!“.

[Фото] „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“ за бегство од комерцијалното издаваштво и дигиталното објавување

Ангела Бошкоска