Сезона на вештерки, затемнување на сонцето, дојави за бомби и нова епизода на #ИнстантВести.
Во неа зборуваме за дигиталниот толковен речник и македонскиот јаз’к, недостатокот на велосипедски патеки и праќаме една видео-разгледница од Преспа, со што ја најавуваме акцијата „Залезот на Преспанско Езеро“.
Ви ја претставуваме и новата студентска правобранителка, се журкаме со Репетитор и не ги изоставаме претстојните културни настани вредни за посета.
Гледајте ја последната епизода од втората сезона на #ИнстантВести со Нела.
Видео емисијата е направена во рамки на проектот „Младински политики за подобар животен стандард на младите во помали средини“, финансиран од Фондацијата Отворено општество.
View this post on Instagram