[Видео] #Инста(нт) вести 3.7

Во новата епизода на #Инстант Вести на Радио МОФ погледнете:

За првпат во Македонија се отвораат магистерски студии за младинска работа. Со програмата која ќе се спроведува на Филозофскиот факултет при УКИМ, студентите ќе можат да се стекнат со звањето магистер по младинска работа.

„Правдата ќе победи“ е насловен новиот мурал во скопското основно училиште „Владо Тасевски“, адаптиран по цртеж победник на ликовен конкурс, од страна на сликарот Дејвид Стоилковски. Победничкиот цртеж е на ученичката од деветто одделение Андреа Јакимовска.

Љубљана, Салцбург, Луксембург, Штутгарт и Франкфурт се новите пет дестинации за директни авиолетови кои ќе функционираат од скопскиот аеродром.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)

*Видео емисијата е активност финансирана од Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ). Содржината е единствена одговорност на авторот и не нужно ги изразува ставовите на ФООМ.