Аларм, аларм… пристигнуваат #Инста(нт) вести од портокалова зона! Пред да започнеме, ставете фактор, да не се мачкате после со кисело млеко.
Во ова издание зборуваме за (неважечките) пасоши, а за оние кои летуваат во земјата, носиме новости од Велешта, Струга. Во жешко време зборуваме за жешки теми како ССО, образовни стипендии и матурантите.
Кога во Скопје е претопло, МКЦ и Синедејс не катапултираа во некој поладен универзум. Ја слушаме и „Dynamo“, новата песна на „Алембик“, а дел од вестите посветивме и на скопскиот протестирачки дух.
Следете Инста(нт) вести на Радио МОФ!
*Видео емисијата е направена во рамки на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.